Истражување и проценка
Анализа на постојните состојби, потреби и предизвици во системот за превенција и постапување при семејно насилство.
ЗАЕДНО ДА ГО ПРЕКИНЕМЕ КРУГОТ НА НАСИЛСТВО!
Заедно за побезбедно детство и семејство.
Погледнете го видеото„Знаците се тука“ е иницијатива насочена кон јакнење на системската превенција на семејното насилство преку едукација, рано препознавање, навремено реагирање и заедничко дејствување.
Проектот ги поврзува училиштата, стручните лица, родителите и релевантните институции со една заедничка цел – создавање безбедна и поддржувачка средина за секое дете.
Семејното насилство може да остави долгорочни психолошки, емоционални и социјални последици врз децата и младите.
Иако најчесто се случува во приватната сфера на семејството, неговите последици можат да бидат видливи и во училиштето – преку промени во однесувањето, емоционална повлеченост, анксиозност, намалена концентрација, агресивни реакции или тешкотии во социјалната интеракција.
Токму затоа, училиштето има важна улога во раното препознавање на знаците, превенцијата и навременото упатување кон соодветна поддршка.
„Знаците се тука“ е создаден со цел да придонесе кон посилен, координиран и одржлив систем за превенција и соодветно постапување во случаи на семејно насилство.
Да се развијат и зајакнат системските механизми за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство, преку зајакнување на капацитетите на стручниот кадар, наставниците, родителите и учениците во основното образование.
Проектот е насочен кон:
Проектот опфаќа низа меѓусебно поврзани активности:
Анализа на постојните состојби, потреби и предизвици во системот за превенција и постапување при семејно насилство.
Јакнење на знаењата и практичните компетенции на училишните психолози и стручните соработници.
Практични содржини и поддршка за родителите во препознавањето на ризиците и развивањето позитивни родителски практики.
Креирање практични и едукативни материјали за стручните лица, наставниците, родителите и учениците.
Подигнување на јавната свест за препознавање на знаците, превенција и навремено реагирање.
Превенцијата на семејното насилство бара заедничко дејствување. Затоа, проектот ги поврзува сите оние кои имаат важна улога во создавањето безбедна средина за децата.
Зајакнување на нивните професионални капацитети за препознавање и соодветно постапување.
Поддршка во препознавањето на знаците и навременото реагирање.
Подигнување на свеста и развивање позитивни и поддржувачки родителски практики.
Подигнување на информираноста, отпорноста и знаењето за тоа каде и како да побараат поддршка.
Во проектот се вклучени и центрите за социјална работа, локалните заедници, институциите од областа на образованието, социјалната заштита и безбедноста, како и пошироката јавност.
Нарачател
Реализатор
Проектот се реализира во рамките на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), финансиран преку заем од Светска банка, нарачан од Министерството за образование и наука, а спроведен од Комората на психолози.
Програмата е насочена кон јакнење на компетенциите на наставниците и стручните соработници, подобрување на квалитетот на образованието и создавање безбедна и поддржувачка средина за развој на учениците.