Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собира веб-страницата „Знаците се тука“, зошто и колку долго ги чуваме.
Кои податоци ги собираме
Лични податоци собираме само кога ќе ни пишете преку контакт формата: име и презиме, e-mail адреса и содржината на пораката. Веб-страницата не користи колачиња за следење, аналитика или реклами.
Зошто ги користиме
Податоците од формата ги користиме само за да ви одговориме на пораката. Не ги користиме за други цели и не ги споделуваме со трети лица, освен со давателите на услуги за хостирање и електронска пошта кои се неопходни за работа на страницата.
Колку долго ги чуваме
Пораките од контакт формата автоматски се бришат по 12 месеци.
Колачиња
Страницата користи само технички неопходни колачиња за безбедно испраќање на формата. Тие не се користат за следење.
Видео содржини
Видеата се објавени на YouTube. Кога ќе отворите видео, тоа се отвора на YouTube, каде што важи политиката за приватност на YouTube.
Вашите права
Имате право да побарате пристап до вашите податоци, нивна исправка или бришење. За тоа пишете ни на e-mail адресата наведена на страницата Контакт.
Ако сметате дека вашите податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.